• четврток, 19 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - На 12.02.2024 во 14.45 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје  го лишиле од слобода Т.К.(39) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 
  
На 12.02.2024 во 15.10 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје  го лишиле од слобода И.К.(31) од Волково.  При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, била пронајдена и одземена марихуана.  Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 12.02.2024 во 13.20 часот на подрачје на Бит Пазар во  Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Џ.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 12.02.2024 во 15.10 часот на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.А.(24) и Е.Д.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 12.02.2024 во 16.25 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Љ.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 12.02.2024 во 18.45 часот на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода М.З.(21) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветен поднесок. 

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 149 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место. 
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкциja, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пест санкции за поминување на затворен сигнал - црвено светло, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас... 

На 12.02.2024 во 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство" , во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари, велешко, патничко возило ,,фолксваген голф"  со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(44) од Кавадарци, удрило во заштитна ограда од коловозот.  Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. 

На 12.02.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(27) од Охрид, патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(66) од Скопје и патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.И. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.И., а со телесни повреди се здобила Б.Џ.И, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 12.02.2024  во 16.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Браќа Миладинови“ и бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М.(39) од с.Речане, гостиварско, удрило во малолетен пешак од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. 

На 12.02.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Р.(19) од Куманово пријавила дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 12.02.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Г.(53) од Скопје пријавил дека на  ул.„Благоја Стефковски“  во Скопје бил каснат од куче скитник. 
  
На 12.02.2024 во 18.00 часот во Полициската станица Шуто Оризари, С.С.(34) од Скопје пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во Скопје била касната од куче скитник.

Остани поврзан