• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 19:40 часот ја лишиле од слобода С.М.(25) од Кичево. При претрес во дом и други помошни простории каде престојувала С.М., извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници биле пронајдени ќеси и тегла со марихуана и метална дробилка. С.М. е приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници од СВР Штип денеска го лишиле од слобода М.Д.(34) од Штип. Имено, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Штип, извршен е претрес во дом и помошни простории кај М.Д., при што е пронајдена марихуана. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода Ќ.К.(51) од Прилеп. Тој се барал по централен распис од СВР Битола поради сомнение за извршени тешки кражби на дрзок начин на повеќе локации на подрачјето на Битола, извршени во подолг период. Ќ.К. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.Полициски службеници од СВР Штип денеска по распишани централни потерници поради бегство од казнено-поправните установи, ги лишиле од слобода: Е.М.(34) од Штип, за доиздржување казна затвор од 3 години и 6 месеци во Затвор Штип, Б.М.(31) од Штип, за доиздржување казна затвор од една година во Затвор Штип и С.И.(30) од Штип, за доиздржување казна затвор од три месеци во Затвор Струмица.  Во текот на денот лицата ќе бидат спроведени до надлежните казнено-поправни установи.Полициски службеници од СВР Велес вчера во 18:30 часот го лишиле од слобода Д.Ј. (29) од Велес. При претрес во домот на неговиот брат Т.Ј.(31) од Велес, извршен по наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана, една дигитална вага, поголем износ на пари во различни апоени. Нешто пред тоа, во 16:50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25) од Велес. При претрес во неговиот дом во Велес, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една дигитална вага и двe дробилки за марихуана. Лицата се приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 23:30 часот, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, ги лишиле од слобода М.И.(22), Љ.Ф.(18) од гостиварско Чегране, 16-годишник од гостиварско Чајле и 19-годишниот гостиварец Н.Ј., затоа што им била пронајдена и одземена марихуана. Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.Полициски службеници  од Полициската станица во Кавадарци вчера во 23:30 часот на улица „Васил Главинов" во Кавадарци со наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово, го привеле 34-годишниот М.Т. од Свети Николе, за доиздржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 230 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 123 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 107 надвор од населено место.Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 19 мерки за непрописно престројување на возила, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)...Во текот на вчерашниот ден во периодот од 13:00 до 17:00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на целата држава, при што се санкционирани 103 возачи. Од нив, 26 на територијата на СВР Тетово, 25 на територија на СВР Охрид... За време на контролата санкционирани се и 152 други видови на прекршоци.На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 20 прекршоци, од кои 17 надвор од населено место и 3 во населено место. Истиот ден, во периодот од 13:00 до 17:00 часот, била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа биле санкционирани 14 возачи. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 5 за некористење сигурносен појас и 6 за непрописно паркирање.На подрачјето на СВР Охрид вчера од 13:00 до 17:00 часот преземени се засилени сообраќајни контроли при што полициските службеници затекнале и санкционирале 25 возачи на моторни возила кои на непрегледни места каде има поставено соодветен сообраќаен знак за забрана, извршиле непрописно престигнување (Охрид-13, Струга-08, Кичево-02, Дебар-02).  Во СВР Тетово вчера во 7:10 часот е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во Камењане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксфаген пасат“, управуван од 45-годишниот Н.Р. од Камењане и „сеат кордоба“ што го управувал Б.С.(42) од тетовско Синичане, како и автобус „мерцедес“ со тетовски ознаки, паркиран од Р.Ф.(55) од Камењане. Во несреќата, возачот на возилото „кордоба“ се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот малолетен сопатник со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршиле екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.Б.Т.(67) од Битола вчера во СВР Битолапријави дека на ул ицата „Даме Груев“ во Битола бил каснат од куче скитник.Вчера во 10:05 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Бранислав Нушиќ“ патничко возило „нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(20) од Скопје удрило во пешакот Л.Ц.(80) од Скопје и го напуштило местото на несреќата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ц. констатирани во  Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.А.Д. (36) од Велес на 09.03.2023 во 21.45 часот во Полициската станица во Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ бил каснат од куче скитник.Ј.П.(44) од село Агино Село, кумановско вчера во 10:00 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на улицата „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник. вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан