• сабота, 16 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 13 февруари 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 12:50 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Б.Т.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 23:50 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Д.Ј.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од СВР Скопје вчера во 15:00 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода М.А.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 15:00 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода И.И.(24) од струмичко, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 20:10 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода А.Б.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 11:15 часот на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода А.Б.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола вчера на улицата „Партизанска“ во Битола го лишиле од слобода Д.П.(32) од Сојузна Република Германија, со времен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 21:10 часот во тетовски Лешок го лишиле од слобода 25-годишниот В.Н. од тетовско Слатино, затоа што при негов и преглед на патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил затекнат, кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 549 возачи. Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 330 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 219 надвор од населено место.Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на затворен сигнал (црвено светло)...Полициски службеници на СВР Тетово вчера од 15:00 до 20:00 часот спровеле акциска контрола за брзина со која се движат возилата на тетовско-гостиварското подрачје. При контролата откриени и санкционирани се 35 возачи (ТЕ-15 и ГВ-20) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 5 (ТЕ-2 и ГВ-3) за повеќе од 70 километри на час, а 9 (ТЕ-3 и ГВ-6) до 70 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, санкционирани се и 44 пречекорувања на брзината (ТЕ) во населено место, како и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-1). На сите прекршители изготвени им се поднесоци.На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 60 прекршоци, од кои 30 во  населено место и 30 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.  На 11/12.02.2023, во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 17 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за управување нерегистрирано возило, 8 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас и 1 за непрописно паркирање.Во Полициската станица Кичево вчера во 22:55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на превојот „Стража“, патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.У.(22) од село Поповјани, кичевско, излегло од коловозот и удрило во заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Н.(19) од Кичево, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.Синоќа во 00:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат село Здуње-село Дебреше, гостиварско, Б.С.(19) од село Здуње, управувајќи патничко возило „опел корса“ со гостиварски регистарски, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата, сопатникот во возилото В.С.(22) од село Долна Бањица, гостиварско, се здобил тешки телесни повреди констатирани во Општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.Во СВР Тетово утринава во 05:55 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, кај село Слатино, патничко возило „даеву“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(60) од село Теарце, излетало надвор од коловозот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот, а во службен разговор, сопругата на возачот изјавила дека пред несреќата на Т.Д. му се слошило, по што изгубил контрола над возилото. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.Во Полициската станица Делчево вчера во 14:50 часот било пријавено дека во Градскиот парк во Делчево, Г.К.(48) од Делчево бил каснат од куче скитник.Во СВР Тетово, вчера во 18:00 часот 63-годишниот тетовец М.И. пријавил дека на улица „Благоја Тоска“ бил каснат од куче скитник.вј/

Остани поврзан