• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - На 26.06.2024 во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.М.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово поради тоа што на 23.06.2024 извршиле кражба од трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово, при што одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 26.06.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.Ј.(26) од кумановско село и едно малолетно лице  од Куманово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 26.06.2024 во 22.20 часот во Радовиш полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода С.П.(37) од село Подареш, радовишко. При преглед кај  него била пронајдена марихуана. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против лицето ќе биде  поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 82 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, три мерки за некористење на сигурносен појас...

Денеска (27.06.2024) околу 4 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во с. Морани, општина Студеничани го лишија од слобода И.А. (49) од с.Морани, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд- Скопје за затворска казна во траење од една година и шест месеци. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

На 26.06.2024 во 22.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Теарце на регионален пат од с.Пршовце кон с.Јегуновце ги лишиле од слобода Ј.Џ. (21), А.Ф. (23) и Д.Ш. (18), сите од с.Нераште. Имено, кога полициските службеници се приближиле до патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистерски ознаки во кое биле лицата, Д.Ш. преку прозорецот фрлил марихуана. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 На 26.06.2024 во 17.40 часот во Полициска станица Центар, В.Н.(43) од Скопје пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“  во Скопје бил каснат од куче скитник.

 На 26.06.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, П.Ч.(64) од Скопје пријавила дека на ул.„Пржино “ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 26.06.2024 во 22.45 часот во Полициската станица Карпош, М.П.(21) од Скопје пријавила дека на ул.„Шекспирова“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 26.06.2024 во 21.50 часот на улицата „Богомилска“ во Охрид, од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишени од слобода се М.Л.(28) и Р.С.(36), двајцата од Охрид, затоа што при извршен преглед, кај нив е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Остани поврзан