• петок, 22 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 април 2024 (МИА) - Денеска во 00.38 часот во СВР Скопје, 34-годишната скопјанка Д.Т. пријавила дека вчера околу 18 часот, на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од С.А.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18.20 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“, од полициски службеници бил приведен Д.Т., на возраст од 30 години, од Република Словенија, поради сторен прекршок по Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.   

Синоќа во 19.30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, каде се одигрувал ракометен натпревар помеѓу РК „Вардар“ и РК „Еурофарм Пелистер“, од полициски службеници бил приведен С.А., на возраст од 22 години, од главниот град на државава, поради сторен прекршок од Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.   

Синоќа во 23.35 часот во СВР Скопје, скопјанката М.М., на возраст од 54 години, пријавила дека околу 19.30 часот на подрачјето на Карпош, била физички нападната од соседот Ф.К..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 23 часот во СВР Скопје, Б.М., на возраст од 41 година, од скопско Трубарево, пријавил дека околу 20.30 часот во скопското село Идризово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 22.05 часот во СВР Скопје, скопјанецот М.Ј., на 51-годишна возраст, пријавил дека околу 21.40 часот во индустриската зона „Бунарџик“, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Д.К.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16 часот во СВР Скопје, 58-годишната С.С. од скопско Јурумлери, пријавила дека на 6 април околу 08.15 часот во населбата Нова Колонија на скопската територија, била физички нападната од 65-годишната С.А.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, скопјанецот С.С., на возраст од 39 години, пријавил дека претходната ноќ, околу 21.52 часот на подрачјето на Гази Баба, дошле четири лица и едното од нив извадило пиштол и испукало еднаш во воздух.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 77-годишен маж пријавил дека на 6 април околу 15 часот во домот на подрачјето на Чаир, бил физички нападнат од својот син С.К., 52-годишен скопјанец.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 11 часот во Полициската станица Чаир, В.Н., на возраст од 68 години од Скопје, пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син И.Н., на 48-годишна возраст.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Г.С., на 43-годишна возраст, затоа што во семејниот дом физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети.

Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и потоа е спроведен во здравствена установа. По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Вчера во 08.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Благој Ѓорев“, Б.Л., на возраст од 33 години, управувајќи мопед „пиаџо“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Л., констатирани во болницата во Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

Синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа охриѓанецот М.Ј., на возраст од 43 години, кој бил затекнат при вршење кражба во продажен објект во овој град.

Одземеното е вратено на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 8 април во 22.50 часот, Н.Ј., на возраст од 53 години во полициска станица Кичево пријави дека на улицата „Магистрален пат“ бил каснат од куче скитник.

Вчера околу 17.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во месноста „Зајашки рид“, атар на кичевското село Зајас, четирицикл што го управувала Љ.С., а на кој се превезувал А.С., на 30-годишна возраст, двајцата од истото село, излетал од патот.

Притоа, Љ.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево.

Вчера во 11 часот во Полициското одделение Сарај, Н.М., на возраст од 52 години од скопско Бојане, пријавил дека од домот се оддалечила неговата снаа Х.М., на 22-годишна возраст.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Синоќа во 22.50 часот било пријавено дека на плоштадот во Берово, пред угостителски објект, по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.Ф., на возраст од 31 година од овој град и 34-годишно лице со иницијали Д.Р. од село Владимирово.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Синоќа во 20.47 часот било пријавено дека околу 13 часот во селото Умлена, пехчевско, Ј.Д., на возраст од 69 години од истото село, откако се симнал од тракторот што го управувал, тракторот почнал да се движи и го прегазил.

Ј.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.  

Вчера во 17.40 часот, А.М., на возраст од 63 години од Штип пријавил дека во градот бил физички нападнат од М.Н., кој употребил и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 12.25 часот, С.Ф., на возраст од 39 години од Тетово, пријавил дека околу 11 часот во градот, по претходно недоразбирање, едно лице му се заканувало со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 19.19 часот било пријавено дека во Гостивар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С., на возраст од 63 години и Ф.С., двајцата од овој град.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 23.20 часот, Н.М., на возраст од 59 години од селото Милетино пријавил дека околу 22.30 часот во тетовско Брвеница, бил физички нападнат од Б.Д. од село Челопек.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 23.50 часот, М.М., на возраст од 46 години од селото Шемшово, пријавил дека околу 13.45 часот, четири лица насилно го внеле во патничко возило и му се заканиле со огнено оружје.

Потоа го однеле во куќа во селото Грчец и физички го нападнале, барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра. Околу 21 часот со возило го оставиле во село Добарце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан