• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 7 јануари 2024 (МИА) - На 06.01.2024 во 23.10 часот, во охридското село Велгошти, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, ги лишија од слобода С.К.(27), Ј.М.(30) и В.К.(40), сите од селото Велгошти. При преглед на патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, пронајдени се и одземени три пакувања со  марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 06.01.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, С.И.(21) од Скопје, пријавил дека додека бил на неговото работно место во сендвичарница на подрачјето на Чаир, по претходни семејни недоразбирања, бил физички нападнат од С.Б.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (07.01.2024) СВР Битола ќе поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С.(65) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека на 06.01.2024 извршил кривично дело „убиство“ врз П.Р.(63) од с.Шивец, Кавадарци, со престој во Прилеп, брат на неговата сопруга. Имено, на 06.01.2024 во 17.15 часот било пријавено дека во дворно место, сопственост на В.С. во Прилеп, бил пронајден починат П.Р., со повреда во пределот на главата. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Полициски службеници извршиле увид и од преземените мерки и активности и добиените искази било констатирано дека во дворното место В.С. и Р.П. заедно консумирале алкохол, по што настанала меѓусебна вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која Р.П. паднал и со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба. Во 19.35 часот, по наредба на Јавен обвинител, В.С. е лишен од слобода и при извршен службен разговор го признал делото.  

На 06.01.2024 во 21.00 часот 24-годишна жена пријавила дека во домот во Тетово била физички нападната од нејзиниот сопруг Л.Л.(26). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(45) од Холандија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Без да поседува одобрение за градба, издадено од надлежен орган, пријавениот изградил објект за времено сместување.

На 06.01.2024 во 18.50 часот С.Џ.(36) од с.Палатица, тетовско, вработен на наплатна рампа „Желино“ пријавил дека бил физички нападнат од едно лице кое не сакало да плати патарина. Според пријавеното, лицето во нападот користело и пластичен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 08.06.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед врз пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 06.01.2024 во 21.00 часот во СВР Битола, М.М.(40) од Битола пријавил дека на ул.„Козјак" бил физички нападнат од О.К.(37) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.01.2024 во 17.35 часот В.П.(65) од Гостивар пријавил дека пред спортска обложувалница во Гостивар бил физички нападнат од И.Ѓ.(46) од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.01.2024 во 16.05 часот во СВР Скопје Е.К.Г.(37) од Скопје пријавила дека во периодот од 04.01 до 06.01.2024 во домот на подрачјето на Центар од заталкано зрно биле оштетени прозорец, плакар и ѕид. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ч.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.02.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 06.01.2023 година во 12.25 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на филтерна станица на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, бил пронајден човечки труп во поодмината фаза. На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина Скопје.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против О.Е.(37) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 29.07.2022 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед на две лица, при што пронашле и одзеле метамфетамин, кој претходно го набавиле од пријавениот.

На 06.01.2024 во 21.20 часот А.Р.(61) од с.Чегране, гостиварско пријавил дека околу 15.00 часот во селото бил физички нападнат од неговиот соселанец Х.Б.(45). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.бт/

 

 

Тагови

Остани поврзан