• понеделник, 23 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - При преземени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, вчера од 9:00 до 14:00 часот полициските службеници затекнале 30 пешаци кои сториле сообраќајни прекршоци (Охрид- 12, Струга-12, Кичево-04, Дебар-02).

Вчера од 9:00 до 14:00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на прекршоци што ги прават пешаците. За време на контролата биле санкционирани 23 прекршоци. Истиот ден, на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 12 прекршоци, од кои 3 надвор од населено место и 9 во населено место. Санкционирани биле и 21 други видови на прекршоци.  

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера од 9:00 до 14:00 часот спроведена е акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани 35 пешаци ( ТЕ-28 и ГВ-7). Во акцијата, исто така, санкционирани се и 4 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.  

Во СВР Скопје денеска во 1:20 часот 31-годишна жена од Скопје пријавила дека вчера во населбата Хиподром била физички нападната од својот партнер А.Ј.(43) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

О.Т.(43) од Скопје вчера во 15:10 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 14:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од А.Д. (женско лице) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 12:15 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријавила дека околу 2:00 часот во семејниот дом во скопско, нејзиниот сопруг А.Е. физички го нападнал нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Џ.Х.(32) од село Сарај, скопско, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавил дека околу 18:40 часот во село Бојане, скопско, во автобус на ЈСП, каде извршувал работни задачи како возач, бил физички бил нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека на 18.03.2024 околу 14:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, Б.Л.(27) од Скопје физички ја нападнал својата 52-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ денеска во 1:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Е.А.(52) од Скопје. Според пријавеното, околу 19:30 часот тој бил пронајден во домот од неговиот брат М.А.(53). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје вчера во 22:50 часот било пријавено дека на подрачјето на Драчево, К.Ј.(83) од Скопје допирал по телото малолетничка од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Градската општа болница „8 Септември“денеска во 2:16 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен починат А.Т.(39) од Скопје. Според пријавеното, тој претходно седел со неговиот колега Т.М.(54) од Скопје на подрачје на Лисиче и му се слошило, по што побарал од колегата да го однесе дома. Како што е пријавено, Т.М. застанал на пункт на Итна медицинска помош, од каде бил упатен кон Градската општа болница „8 Септември“, но на пат кон болницата А.Т. починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

В.А.(40) од Охрид вчера во 9:00 часот во полициска станица пријавила дека на улица „Крум Точков“ во Охрид била касната од куче скитник.

И.С.(70) од Кичево вчера во 10:00 часот во полициска станица пријави дека на улицата „11 Септември“ во Кичево бил каснат од куче скитник. Истиот ден, И.М.(36) од Кичево пријавила дека на улицата „Прилепска“ во Кичево, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против С.В.(53) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во 2021 година, во својство на градоначалник на општина Свети Николе, за реализација на проектот за изградба на фекална канализација во населено место Рудина, спротивно на законските одредби и со пречекорување на своите овластувања, спровел јавна набавка и склучил договор со приватна фирма во вредност од 1.649.400 денари, а во текот на градбата бил склучен и анекс договор во вредност од 329.806 денари за непредвидени и дополнителни работи. Во исто време, во 2021 година, повторно спровел јавна набавка за тампонирање и чистење на улиците во Свети Николе со градежна механизација во вредност од 2.500.000 денари со друго правно лице, кое по негово одобрение, спротивно на одредбите од договорот го ископало ровот за фекалната канализација. По преземените мерки било утврдено дека за проектирана вредност на фекалната канализација од 1.996.082 денари, биле платени вкупно 4.761.957 денари.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ч.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 09.05.2023, пријавениот со пиштол му нанел прострелна рана на М.М.(41), а по преземени мерки и активности бил пронајден и лишен од слобода.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(33) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, односно дека на 14.07.2023 во приватна болница во Скопје, каде се лекувал, допирал по телото една вработена.  

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Т.(65) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, продавање, набавување и посредување во тргување или вршење размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи“. На 12.05.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол, полуавтоматско огнено оружје и 45 куршуми.  

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ж.Т.(18) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” и „овозможување на употреба наркотични дроги”. На 28.06.2023, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и уште едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против З.В.(52) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.09.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Д.(33) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекрузори“. На 15.03.2023, пријавениот продал марихуана на едно лице, која била пронајдена, додека, на 24.03.2023, полициски службеници извршиле претрес на пријавениот, при што била пронајдена и одземена дигитална вага.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.Н.(53) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. На 08.02.2024, при контрола на патничко возило управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле разновидна стока за која не поседувал документација.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан