• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Денеска (16.11.2023) во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и пари во различни апоени. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Денеска (16.11.2023), полициски службеници од СВР Штип - ОВР Пробиштип го лишиле од слобода С.Ј.(33) од с.Пишица, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени  карабин, воздушна пушка, сигнален пиштол и 87 патрони различен калибар. Во координација со јавен обвинител, лицето е задржано во Полициската станица Пробиштип и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ј.(53) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично  дело „загрозување на животната средина и природата со отпад" по член 230 од Кривичниот законик. На 27.07.2023, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир го затекнале пријавениот како тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејноста издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

На 16.11.2023 во 01.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле М.И.(21) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 15.11.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Кочани, Г.Д.(56) од Виница пријавил дека во населбата „Трајаново трло“ во Кочани, при извршување работни задачи во ЕВН, три лица физички нападнале негов колега, со метален предмет му се заканиле нему и ги спречиле во извршување на задачите. За случајот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани. Се работи на расчистување на случајот.

На 15.11.2023 околу 22.45 часот на улица „Радован Цониќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Ф.Ф. поради сомнение за негова инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за расчистува случајот.
На 15.11.2023 во 23.40 часот во скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода С.Д.(28) од Скопје затоа што во домот физички ја нападнал неговата 29 - годишна невенчана сопруга и ѝ се заканил со остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11.2023 од 08.00 до 16.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола во која вкупно биле откриени и санкционирани 18 технички неисправни возила (ТЕ-10 и ГВ-8). Пет од нив (ТЕ-3 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, 2 (ТЕ) неисправни други системи, исто толку (ГВ) биле со истечена регистрација, 7 (ТЕ-5 и ГВ-2) со вградени неатстирани фолии, а 1(ТЕ) не се јавило на технички преглед. При контролата, исто така, санкционирани се и 4 лица (ТЕ) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, 4 возачи (ТЕ) кои непрописно, односно погрешно ги паркирале возилата, додека со соодветни поднесоци бил заокружен и 31 друг вид сообраќаен прекршок (ТЕ-30 и ГВ-1). На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби кои, зависно од прекршокот, се движат од 100 до 400 евра во денарска противвредност.  

На 14.11.2023 во 08.00 часот во ОВР Кавадарци, 49-годишна кавадарчанка пријавила дека била измамена од лице кое се преставило како посредник за работа во странство. Според пријавеното тие се запознале преку мобилна апликација, по што во периодот од 14.08. до 18.09.2023 таа му уплатила вкупно 18.437 денари за обезбедување документи за работа во странство. Како што е пријавено, таа не ги добила документите, а лицето ја прекинало комуникацијата, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.11.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци од кои 10 во населено место и 13 надвор од населено место. Санкционирани биле и 31 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за возач почетник, 1 за недавање првенство на пешаци, 5 за некористење сигурносен појас, 3 за прекршоци сторени од пешаци и 10 за непрописно паркирање.

На 14.11.2023 во 11.15 часот во СВР Скопје 36 - годишна жена пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Ј.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.11 2023 во 14.20 часот во ОВР Прилеп, В.Б.(68) од Прилеп пријавила дека на ул.„Димче Мирчев“ била касната од куче скитник.

На 15.11.2023 во 11.30 часот, А.Д.(48) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „Стојан Стојаноски“ во Кичево била касната од куче скитник. Истиот ден, В.Н.(55) од Кичево пријавила дека на улица „Методија Стефаноски“ била касната од куче скитник.

На 15.11.2023 во СВР Тетово, 71 - годишниот Р.Е. од гостиварско Врапчиште пријавил дека во селото бил каснат од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против У.Ш.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“. На 01.11 и 07.11.2023 во спортска обложувалница на подрачје на Центарво, пријавениот со закана кон двајца вработени одзел пари од дневниот промет. .

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.П. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.07.2022 на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на с.Крупиште, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел корса“, во кое сопатник бил пријавениот, при што кај него била пронајдена марихуана.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 06.10.2022 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед во патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што пронашле амфетамин и МДМА.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Г.(29) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 06.07.2023 во Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 15.11.2023 во 15.45 часот во СВР Скопје, 42 - годишна жена пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.И.(30) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.04.2023 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол „Берета“ калибар 9мм и рамка со пет куршуми калибар 9 мм.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.Б.(50) и С.Ј.(62), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”. На 12.01.2023 во Велес, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел фронтера“, при што кај второпријавениот биле пронајдени и одземени ловечка пушка „ИЖ“ калибар 16GA и 14 куршуми за неа, додека кај првопријавениот биле пронајдени и одземени ловечки карабин „Црвена застава“ со калибар 8,57 и 15 куршуми.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Во текот на април 2023 година, пријавениот од лице од Белгија набавил патничко возило „фолксваген голф“ на кое извршил промена, односно механички делувал на шасијата и вметнал парче лим со број на шасија различна од оригиналната.

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан