• понеделник, 23 декември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 декември 2023 (МИА) - На 16.12.2023 во 15.20 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(39) од Скопје затоа што кај него била проанјдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 16.12.2023 во 15.30 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Ф.(25) од село Бојане, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 16.12.2023 во 23.15 часот во Тетово, во присуство на родител и адвокат, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од село Мала Речица, тетовско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 16.12.2023 во 20.05 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во Здравствен дом Крива Паланка со повреди бил донесен Д.З.(49) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во Јавното претпријатие „Македонија пат“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

На 17.12.2023 во 01.33 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на К.А.. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредни лица нема. Увид бил извршен.

На 16.12.2023 во 15.09 часот во СВР Битола, С.А.(45) од Прилеп пријавил дека на улицата „Орде Чопела“ било опожарено неговото патничкото возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 16.12.2023 во 15.30 часот на подрачје Карпош, полициски службеници ги привеле А.Ф.(26) и еден малолетник, двајцата од село Бојане, скопско, затоа што кај двајцата биле пронајдени ножеви. Против нив ќе биде поднесен подонесок по член 80 од Законот за оружје.

На 16.12.2023 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Франц Розман“ од запален кабел на објект во изградба, настанал пожар на ограда од објектот и дворното место сопственост на Н.Ј.(66) од Скопје. Повредени лица нема, пожарот бил изгаснат од екипа на Противпожарната бригада Скопје.

На 17.12.2023 во 00.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Н.(37) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н., а В.А. (42) од Охрид, сопатник во возилото „форд“, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот С.А. бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 16.12.2023 во периодот од 17.00 до 17.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода четири малолетници од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека од малолетничка од истото село во повеќе наврати одзеле пари, уценувајќи ја дека на социјална мрежа ќе објават нејзини фотографии со експлицитна содржина. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.12.2023 во 14.00 часот, полициски службеници од ЕВР Гази Баба - отсек потраги ја пронашле А.Д.(15) од Велес за која на 15.02.2023 беше пријавено дека се оддалечила од СОС - Детско село. Лицето било предадено во установата.

На 17.12.2023 во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го привеле Г.Д.(21) од село Митрашинци, беровско, затоа што околу 00.05 часот во с.Митрашинци го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со неговиот татко Д.Д.(47) од истото село. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2023 во 00.10 часот во СВР Скопје, М.С.(53) од Скопје пријавил дека околу 23.40 часот на подрачје на Центар бил физички нападнат од едно лице. По преземени мерки, лицето било пронајдено, било констатирано дека се работи за Р.Ш.(26) од Струмица и против него е поднесен соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје, Л..М.(63) од Скопје пријавил дека на подрачје на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.12.2023 во 17.30 часот во СВР Куманово, И.М.(46) од село Пчиња, кумановско, пријавил дека околу 01.00 часот во казино на улицата „Индустриска“ во Куманово бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во казиното. Се работи на расчистување на случајот.

На 17.12.2023 во 06.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го привеле К.Т.(22) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека околу 04.15 часот оштетил влезна врата на угостителски објект во Струмица и физички нападнал една вработена. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 17.12.2023 во СВР Струмица, А.А.(36) од село Градашорци, струмчко, пријавил дека околу 02.30 часот во угостителски објект во село Радово, струмичко, бил физички нападнат од М.К.. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.12.2023 во 06.50 часот во СВР Струмица, Љ.Д.(25) од село Смолари, струмичко, пријавил дека околу 05.30 часот во продажен објект во Струмица бил физички нападнат од В.Г. од село Секирник, К.Н. од село Василево и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан