• петок, 22 ноември 2024

МВР билтен (ДПЛ)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 28 мај 2023

На 26.05.2023 во 13.00 часот на подрачјето на Аеродром полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение на сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин. Имено, околу 11.00 часот на ул.“Бојмија“ пријавениот од 61- годишна скопјанка одзел златен ланец што го носела. Со него бил извршен службен разговор во кој истиот го признал кривичното дело, а исто така било извршено препознавање од страна на оштетената. Известен бил Јавен обвинител.По преземени мерки и извршени проверки констатирано било дека пријавениот златниот ланец го заложил во заложна куќа на подрачјето на Аеродром, по што ланецот бил одземен и вратен на оштетената. Од страна на Судија на претходна постапка на Н.Н. одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.

На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион „Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 27.05.2023 во 20.00 часот во с.Батинци-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(41) од с.Батинци, поради тоа што околу 14.10 часот додека Е.Р.(18) од Скопје бил во возило кој го управувал негов познаник од с.Батинци кон населбата Драчево, пријавениот со возило им го попречил патот. Потоа физички го нападнал Е.Р. и му се заканувал со пиштол. Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство“.

На 27.05.2023 во 13.50 часот во Полициската станица Драчево Х.Б.(32) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.

На 27.05.2023 во 16.20 часот во Полициската станица Аеродром Б.В.Д.(40) од Скопје пријавила дека на ул.“Тодор Чангов“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

 На 27.05.2023 година во СВР Охрид, И.Д.(41) од охридското село Подмољје, пријавил дека, на локален пат во селото Оровник, бил каснат од куче скитник.

 Денеска (28.05.2023) во 02.10 часот И.С.(20) од Скопје пријавил дека околу 00.20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 27.05.2023 во 22.00 часот С.Ј.(43) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од З.Т.(38) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 27.05.2023 во периодот од 10.30 до 16.30 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 62 возачи, од кои 9 за возење без возачка дозвола, 4 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 8 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 8 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, 6 возачи кои што вршат јавен превоз на патници а притоа не поседуваат валидно лекарско уверение...На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

 На 27.05.2023 во 15.20 часот А.Д.(49) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 27.05.2023 во 21.00 часот Н.А.(38) од Скопје пријавил дека на 26.05.2023 околу 08.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 27.05.2023 во 08.30 часот С.Р.(61) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 На 27.05.2023 во 19.20 часот С.С.(27) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Шуто Оризари таа, С.С.(26) и И.С.(49) биле физички нападнати од Џ.Ќ.(23). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 На 27/28.05. 2023 година од 21 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-04, Кичево-03, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 26.05.2023 во 11.36 часот А.А.(29) од Куманово пријавил дека во Куманово бил физички нападнат од Џ.Б.(62) од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 27.05.2023 во 16.40 часот Ц.Ѓ.(39) од с.Ново Село-Струмица пријавил дека околу 01.30 часот во угостителски објект во истото село бил физички нападнат од Л.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 Денеска (28.05.2023) во 03.30 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Д.(22) и В.С.(28), двајцата од Битола поради тоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (28.05.2023) во временскиот период од 00.00 до 01.30 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведена била акциска контрола и во еден угостителски објект во Битола биле затекнати 4 малолетници после 00.00 часот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена прекршочна пријава по чл.21 од ЗППЈРМ. 

 На 27.05.2023 во 20.20 часот во спортска сала во Битола од полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Б.В.(39) од Битола поради тоа што упатувал закани на четворица вработени во агенција за обезбедување кои извршувале работни задачи во салата каде се одржувал ракометен натпревар. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 На 28.05.2023 во 02.30 часот Р.Е.(20) од Тетово пријавил дека на 27.05.2023 околу 23.00 часот во Тетово неговиот брат бил физички нападнат од неколку лица од кои едно употребило и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2023 во 21.50 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Ш.(22), Б.Ш.(46) и Р.М.(50) сите од Тетово, поради тоа што нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 Во текот на изминатата вечер (27/28.05.2023) во периодот од 21.00-03.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 9 возачи. Од нив 5 на територија на Битола , 3 во Ресен и 1 во Македонски Брод .За време на контролата биле санкционирани и 4 други видови прекршоци.

 Во текот на изминатата вечер (27/28 мај) од 21 до 3 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи - дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 11 возачи (ТЕ-9 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол. Сите се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, како и со други мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Покрај ова, со адекватни поднесоци бил заокружен и 21 друг вид прекршок(ТЕ-11 и ГВ-10).

 Денеска (28.05.2023) во 03 часот во Градскиот парк во Скопје, во близина на угостителски објект, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(36) од Скопје, поради тоа што физички нападнал и му се заканувал со остар предмет на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 70 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкциja за возење под дејство на алкохол.Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, две за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Фото: Архива

Остани поврзан