• вторник, 05 ноември 2024

МВР: Акциска контрола во угостителски објекти, две лица приведени, пронајдена марихуана

МВР: Акциска контрола во угостителски објекти, две лица приведени, пронајдена марихуана
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - При акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава, полициски службеници лишиле од слобода две лица откако кај едниот е пронајдена марихуана, додека другиот се однесувал агресивно кон полицајците, соопшти Министерството за внатрешни работи. - Денеска во периодот од 00:00 до 04:00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава. При контролата, приведени се две лица, Д.Р.(20) од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага и С.П.(18) од Скопје затоа што се однесувала агресивно кон полициските службеници, посочуваат од МВР. Оттаму потенцираат дека затекнати се девет малолетни лица во угостителски објекти после 00:00 часот и осум лица кои не поседувале документ за лична идентификација. За сите констатирани прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.фф/дма/ Фото: МИА Архива

Остани поврзан