• сабота, 23 ноември 2024

МВР: Акциска контрола во Битола, приведени шест лица поради неовластено организирање игри на среќа

МВР: Акциска контрола во Битола, приведени шест лица поради неовластено организирање игри на среќа
Скопје, 4 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола - ОКП Битола-Отсек за општ криминал во рамките на оперативниот план „Безбедно лето“, вчера по добиена оперативна информација дека на една локација во Битола лицата Е. К. (39) и С. Р. (26) од Битола незаконски организираат игри на среќа што се забранети, извршија претрес во објект на ул „Караорман" во Битола. При претресите, како што информираа од МВР, затекнати се М. А. (32), Е. Р. (50), Ш. М. (47), А. И. (36) и двајцата организатори, сите од Битола. Сите шестмина се лишени од слобода, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл.398 „комар“. аа/рп/

Остани поврзан