• сабота, 23 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 23 јули 2022 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР-ОКП Куманово, СВР Скопје, ЕВР Аеродром и Драчево и ЕВР Чаир, вчера по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено на 23.02.2022 во Куманово, при што од едно лице биле одземени 3.745.000 денари во различни валути, а СВР Куманово против три лица поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик. Имено, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против М.Р.(25), С.Р.(28) и Ш.Р.(19), сите од село Студеничани, скопско.  Притоа, во текот на активностите од страна на полициските службеници беа извршени претреси на четири локации во домовите на три лица, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Од страна на судија од Основен суд Куманово на пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена. Полициски службеници од ОВР Радовиш вчера и денеска  во Радовиш ги лишиле од слобода В.А.(18), Г.С.(31) и З.М.(46), сите од Радовиш. Имено, на 22.07.2022 во 21:00 часот во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.А., при што била пронајдена марихуана. По преземени мерки било констатирано дека В.А. ја купил дрогата од З.М. и требало дел од неа да му предаде на Г.С.. Истиот ден, во 22:15 часот, од слобода бил лишен Г.С., а денеска во 10:00 часот од слобода бил лишен и З.М.. При претрес во домот на З.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.  Тие биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Во текот на изминатата вечер од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп. За време на контролите две лица се лишени од слобода. Кај М.И.(31) од Прилеп била пронајдена марихуана, а М.А.(44) од Прилеп затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои  извршувале службени дејствија. За случаите е известен Јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.  Во периодот од 21:00 до 4:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 51 возач. Во Полициската станица Струга вчра бил задржан Ќ.Ф.(29) од  Република Албанија, кој на 21.07.2022 на Граничниот премин „Ќафасан“ бил лишен од слобода по распишана потерница од Интерпол-Република Албанија. Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 301 возач. Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 189 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила... Во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 70 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Во СВР Битола вчера во 2:50 часот било пријавено дека на патот Битола-Демир Хисар, на место викано „Бели Мост“ пред село Лисолај, патничко моторно возило „форд фиеста“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Битола, излетало од патот. Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. Во Полициската станица Крива Паланка вчера во 13:30 часот било пријавено дека на регионалиот пат село Герман - село Ранковце, на место  викано „Каменолом“, атар на село Радибуш, товарно моторно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Л.(25) од село Ќојлија, општина Петровец, излетало од  патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Ж.С.(64) од село Сушево, кумановско, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. Во Полициското одделение Велешта вчера во 10:40 часот било пријавено дека во село Вевчани, Ш.В.(42) од село Велешта, управувајќи трактор со струшки регистарски ознаки, паднал од тракторот и починал. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Ш.В. со својот трактор  влечел друг трактор, при што во еден момент сајлата се скинала, а Ш.В. се превртел и паднал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Х.Х.(44) од Скопје вчера во 16:20 часот во Полициската станица Центар пријавил дека на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник.вј/

Остани поврзан