• петок, 05 декември 2025

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Гевгелија вчера во 16:00 часот во Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.А.(27), Б.Р.(24) и еден малолетник, сите од Струмица. Тие се сомничат дека во текот на денот извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што од пумпна станица сопственост на АД Водостопанство на РСМ-подружнца Јужен Вардар Гевгелија одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 9:30 часот го лишиле од слобода Р.Х.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари. Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Полициски службеници од ОВР Дебар вчера во 16:50 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Дебар ги лишиле од слобода А.К.(19), А.Ч.(19) и Е.М.(24), сите од Косово, затоа што при преглед кај нив, кај А.К. била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со настанот биле преземени дополнителни мерки, по што бил приведен Л.А.(31) од Дебар за кој постои сомнение дека им ја продал дрогата. По целосно расчистување и документирање на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветни пријави. Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 21:30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот тетовец Ќ.Б. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 14:05 часот на улица „Љубо Божиновски–Пиш“ во Тетово лишиле од слобода малолетник од тетовски Лешок затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Се документира случајот и против малолетникот ќе следува поднесок. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утринава во 3:30 часот во Скопје, на патот за Сончев град, го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 0:30 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода М.Г.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 0:10 часот на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 6:30 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода М.М.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 12:25 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Б.К.(42) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од Полициската станица Гевгелија вчера во 21:50 часот во Гевгелија го пронашле В.М.(31) од село Владевци, струмичко, за кој на 28.10.2022 беше пријавено дека се оддалечил од домот.   Полициски службеници вчера во 12:00 часот на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ го привеле М.Ц.(45) од Косово затоа што додека патувал во воздухоплов на релација Брисел – Скопје агресивно се однесувал и се обидел физички да нападне едно лице од екипажот, а потоа агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, четири мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл... Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 77 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место. На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 35 прекршоци, од кои 19 надвор од населено место и 16 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и  32 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 5 за возач почетник, 1 за претовар,  1 за прекршок сторен од пешак, 4 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 8 за непрописно паркирање. Во СВР Струмица вчера во 17:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во село Ново Коњарево, патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од село Ново Коњарево. Во несреќата пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. Во СВР Битола вчера во 14:27 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(20) од Прилеп и патничко моторно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Љ.(67) село Славеј, општина Кривогаштани. Во несреќата со тешки телесни повреди  се здобила Ј.К.(57) од Прилеп, сопатничка во возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Љ., констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола. Л.И.(56) од Скопје вчера во 10:15 часот во Полициската станица Карпош пријавила дека на улицата „Иван Цанкар“ била касната од куче скитник. Ш.И.(53) од Скопје вчера во 14:00 часот во Полициската станица Чаир пријавил дека на улицата „Индира Ганди“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. Ќ.М.(58) од Скопје вчера во 16:20 часот во Полициската станица Гази Баба пријавил дека на улицата „Архимедова“ бил каснат од куче скитник. вј/  

Остани поврзан