• петок, 22 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен
Скопје, 19 август 2022 (МИА) - Вчера СВР Штип согласно оперативниот план „Безбедно лето  2022“, презеде низа мерки и активности во областа на недозволената трговија со дрога, при што лишени се од слобода М.М.(30), Ж.М.(21), Н.Т.(18), Г.С.(19), С.Г.(18), Д.А.(19) и Ф.Т.(19). При извршени прегледи, претреси на домови и патнички возила кај нив била пронајдена марихуана, како и остатоци од други наркотични дроги и прекурсори. Истиот ден, при извршена контрола во Казнено - поправниот дом Затвор Штип била пронајдена и одземена прашкаста материја. При контрола на угостителски објект затекнати биле седум малолетници по 24.00 часот и тие биле предадени на родителите. По комплетирање на случаите против лицата од страна на СВР Штип ќе бидат поднесени соодветни пријави.  На 18.08.2022 во 08 часот на Граничниот премин „Богородица“ на  излез од државата при извршена гранична проверка на А.З.(30) од Саудиска Арабија, кој управувал возило со грчки национални ознаки, било констатирано дека возачката дозвола била фалсификувана. Тој е лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка. За случајот е известен Јавен обвинител.На 19.08.2022 во 02:30 часот на граничниот премин „Табановце“ од полициски службеници е лишен од слобода К.Ф.(29). Тој при пасошка контрола приложил туѓа албанска патна исправа на име Д.М.(25). Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на 18.08.2022 на територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 53 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал односно црвено светло.Во текот на вчерашниот дел во периодот од 10 до 15 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 231 возач. Од нив, 168 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, 49 возачи се исклучени од сообраќај, четири мотоцикли се одземени, а санкционирани се и други прекршоци.На 18.08.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи. Од нив, 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.На 18.08.2022 во 15:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во месноста „Жировничко анче“, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Љ.Ј.(67) од Скопје излетало од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место. Смрт констатирал лекар од Здравствен дом Ростуше. Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на несреќата.На 19.08.2022 во 04:20 часот било пријавено дека на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ со улица „Тодор Александров“ и улица „Белградска“ патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, од кои еден од Струмица, двајца од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 18.08.2022, во периодот од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, биле изречени санкции за 32 прекршоци, од кои 26 за неносење заштитен шлем, две за управување без возачка дозвола, две за измината важност на сообраќајната дозвола, една за измината важност на осигурителната полиса и 1 друг вид на прекршок. Одземени се два мотоцикли согласно чл.344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Истиот ден, на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани осум прекршоци. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, еден за управување возило под дејство на алкохол и пет за непрописно паркирање.На 18.08.2022 во 11:40 часот било пријавено дека на 17.08.2022 околу 07:30 часот на улица „Лазар Личеноски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јонвеј“, управуван од А.К.(44) од Скопје, патничко возило „ауди“, управувано од М.С.(27) од Куманово и мотоцикл „пијаџо“, управуван од В.Ц.(40) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 18.08.2022 од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се акциски сообраќајни контроли кон возачите на мотоцикли, трицикли и четирицикли. Притоа, полициските службеници  евидентирале 44 прекршоци, најчесто за неносење заштитна кацига (Охрид-29, Струга- 05, Кичево-04, Дебар-06,) Против нив се поднесени прекршочни платни налози.На 18.08.2022 во 16:25 часот било пријавено дека на булевар „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со кочански регистарски ознаки, управувано од К.К.(27) од Кочани и трицикл „томос“, управуван од Е.Р.(35) од Скопје. Во несреќата Е.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 18.08.2022 година во 21:45 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци патничко возило „ауди“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.С.Р.(18) од Градско, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Р.С.Р., констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.На 18.08.2022 во 00:20 часот во Полициската станица Аеродром, И.С.(58) од Скопје пријавил дека на булевар „Февруарски поход“ бил каснат од куче скитник. На 18.08.2022 во 08:35 часот било пријавено дека на крстосница од регионален пат Велес – Скопје, со локален пат од село Марино кон село Идризово се случила сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило „рено “, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(78) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Во несреќата со телесни повреди се здобиле полициска службеничка која била сопатничка во возилото „шкода јети“ и возачот на „рено“, В.К., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. Увид  извршила екипа СВР Скопје.На 18.08.2022 во 20 часот во Полициската станица Гази Баба, З.З.(57) од Скопје пријавил дека на улица „Лазар Поп Трајков“ бил каснат од куче скитник. свс/

Остани поврзан