• понеделник, 18 ноември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 7 април 2022 (МИА) - Поради сомнение за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп вчера на регионалниот пат Прилеп-Градско, кај село Беловодица  биле лишени од слобода Б.Р.(31) и Е.Ј.(26) од Скопје. При преглед на патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Куманово завчера во 18:00 часот го лишиле од слобода Н.К.(44) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и  прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На Граничниот премин Ќафасан, вчера во 10:15 часот на влез во државата, бил лишен од слобода В.П.(45) од Република Албанија. По извршени гранични проверки во службената евиденција било констатирано дека за него има мерка ,,апси“, по распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол-Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга, за понатамошна постапка. На Граничниот премин Табановце, вчера во 14:30 часот на излез од државата, при извршена пасошка контрола на M.J.(44) од Република Албанија, било констатирано дека се послужил со туѓа патна исправа. Со него бил извршен службен разговор, при што од неговиот мобилен телефон приложил слика од неговата патна исправа, според која станува збор за С.М.(35) од Република Албанија. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Полициски службеници вчера на територијата на СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 30 возачи, од кои на територијата на Ресен биле изречени 10 санкции, 11 на територија на Битола, 6 на територијата на Прилеп, а 3 санкции во Македонски Брод. Полициски службеници вчера на подрачјето на СВР Штип спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 21 прекршок, од кои 16 надвор од населено место и 5 во населено место. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 2 за управување технички неисправно возило, 2 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 4 за некористење сигурносен појас и 5 за непрописно паркирање. Вчера во 14:00 часот било пријавено дека во село Мршевци, скопско, патничко  возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. од Скопје, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Мршевци. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На подрачјето на СВР Струмица вчера во периодот од 10:00 до 15:00 часот била спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани 18 прекршоци во врска со преминување улица надвор од пешачки премин, од кои 6 во Струмица, 5 во Валандово, 4 во Радовиш и 3 во Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. Вчера во 19:10 часот било пријавено дека на улицата „Христо Татарчев“ патничко  возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(52) удрило во пешакот С.А.(56), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. На подрачјето на СВР Куманово вчера, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 15 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи. Од нив 9 во Куманово и  6 во  Крива Паланка. Вчера во 14:10 часот било пријавено дека во Куманово, на улицата „Железничка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Д.М.(25) од Куманово и патничко возило „фолксваген шаран“, управувано од Н.Д.(35) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С.(66) од село Ропалце, липковско, сопатник од возилото „фолксваген голф“, а уште еден сопатник од истото возило, А.М.(76) од Куманово, и двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. Љ.С.(55) од Скопје вчера во 18:05 часот во Полициската станица Аеродром пријавила дека на улицата „Новопроектирана“, кај кејот на Вардар, била касната од куче скитник.  А.З.(71) од Скопје вчера во 15:20 часот во Полициската станица Драчево пријавил дека на улицата „Речиште“ бил каснат од куче скитник. вј/  

Остани поврзан