• понеделник, 23 декември 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - На 24.03.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ќ.(23) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.03.2024 во 17.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Т.(27) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.03.2024 во 19.25 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ш.(27) од с.Крушопек-Скопско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 24.03.2024 во 21.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце на влез во државата, полициски службеници ги привеле Ш.Б.(32) и К.Д.(26) двајцата од Косово затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Ш.Б. евидирал по барање на СВР Куманово, а во врска со кривично дело „разбојништво“. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Вчера (24 март) во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Седек Костовски“ во Гостивар мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 49-годишниот Л.Л. од гостиварско Чајле излетал од коловозот. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи.

На 24.03.2024 во 17.40 часот било пријавено дека во Скопје на паркинг простор на ул.„Петре Георгиев“ патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.М.(34) од Р.Турција, удрило во М.Ќ.(77) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ќ., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 24.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Љуботен, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61) од с.Љуботен, Скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано Е.М.(54) од с.Ласкарци, Скопско и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(19) од с.Љуботен, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М.(55) од с.Љуботен,Скопско, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и осум сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 24.03.2024 во 15.40 часот во Полициската станица Аеродром А.С.(36) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ била касната од куче скитник.

Во текот на вчерашниот ден (24.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 646 возачи. Од нив 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 пречекорувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Во рамките на континуираните активности што ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово за поголем сообраќаен ред и безбедност на подрачјето вчера (24 март) од 16 до 20 часот спроведена е акциска контрола за брзина. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 41 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-10 и ГВ-31), од кои 6 возачи (ТЕ-3 и ГВ-3) пречекориле за над 70 километри на час, 17 возачи (ТЕ-7 и ГВ-10) за 50 до 70 километри повеќе и така натаму. При контролата, исто така, санкционирани се и 42 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-31 и ГВ-11), а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-11).

На 24.03.2024 во 14.45 часот во СВР Велес од  Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во нива во атар на село Сујаклари, Велешко, констатирале смрт кај А.К.(73) од село Сујаклари, Велешко. Според пријавеното, во нивата имало превртен трактор, а телото на А.К. било под него. Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

Остани поврзан