• сабота, 23 ноември 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 24 април 2024 (МИА) - На 23.04.2024 во 16.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.04.2024 во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.М.(29) од Прилеп. Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас..

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
                                       
На 23.04.2024 во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д.(44) од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, Д.С.(34) од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, И.Ф.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, А.П.(70) од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник. мд/
                               


 

 

 

 

Остани поврзан