МВР Билтен
- Во гостиварската населба Грудајца, вчера околу 07:35 часот, полициски службеници од СВР Tетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, со наредба од Казнено-поправната установа Затвор „Идри
Скопје, 1 ноември 2021 (МИА) - Во гостиварската населба Грудајца, вчера околу 07:35 часот, полициски службеници од СВР Tетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, со наредба од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ од Скопје, го лишиле од слобода А.Ј.(30) од с.Челопек, тетовско. Тој се барал за доиздржување на затворска казна во времетраење од 3 години, 3 месеци и 7 дена. А.Ј. ќе биде спроведен во КПУ „Идризово“ за издржување на казната.
Вчера во 13:30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(21) од с.Долно Оризари, битолско, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На Граничниот премин „Долно Блаце“ вчера во 12:30 часот од полициски службеници бил лишен од слобода Х.К.(24) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативна евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Белгија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
Ноќеска во 02:05 часот на подрачјето на Гази Баба, Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го пронашле Б.М.(40) од Тетово, за кого неговиот брат А.М. на 28.10.2021 во СВР Тетово пријавил дека се оддалечил од домот. Тој бил предаден на неговиот брат.
Во Полициската станица Аеродром вчера во 13:45 часот Ж.Ј.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.
Вчера во 18:10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во с.Коњарево, струмичко, патничко возило „фолксваген голф“, со швајцарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од с.Старо Коњарево, удрило во пешакот Т.С.(68) од с.Ново Коњарево. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Во Полициската станица Карпош, вчера во 13:20 часот, Ф.Т.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Никола Русински“ бил каснат од куче скитник. дма/