• сабота, 23 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 1 декември 2020 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С. М.(20) од Кичево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.12.2019 на улица „11 Октомври“ во Кичево од полициски службеници при извршен преглед над С.М. биле пронајдени и одземени мешавина од марихуана и тутун. Вчера во 09:18 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека М. Т. (19) од село Инџиково, скопско, вработен во фирма на улица „Перо Наков“, се повредил додека извршувал работни задачи. Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Ј. Д. (23) од село Ваташа, кавадаречко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 14.12.2019 околу 22:00 часот во Кавадарци, на место викано „Витачево“, полициски службеници извршиле контрола и преглед кај Ј. Д., при што биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. Вчера во 11:05 часот вработена во Центар за социјални работи Куманово пријавила дека едно лице физички го нападнало В. Н. (40), вработен во Центарот. Во 11.30 часот, од страна на Б. Б. (57) од село Романовце било пријавено дека околу 11.00 часот во простории на Центарот за социјални работи во Куманово бил физички нападнат од лице вработено во Центарот. По преземени мерки, обавен е разговор со Б.Б. и В.Н. и изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б. Ш. (20) од Тетово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Пријавениот на 30/31.08.2020 влегол во црквата ,,Св. Анастасија“ во село Радиовце и одзел пари. Вчера во 09:30 часот во Полициска станица Центар, Г. К. (48) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 до 29.11.2020, во ковид-центарот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран неговиот татко Д. К. (72), кој починал во центарот, од страна на непознат сторител одземен му е паричник во кој имало пари, лични документи и предмети.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 20:40 часот во Скопје на улица „11 Октомври“, пред крстосница со булевар „Кочо Рацин“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Љ. С. (65), патничко возило „тојота ајго“, управувано од В. И. (49) и патничко возило „пежо 106“, сопственост на МВР, управувано од М. Ц.(41), вработена во МВР, сите три со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и В.И., како и сопатникот во патничкото возило „тојота ајго“ Т.И.(44), констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од СВР Скопје. Вчера околу 23:50 часот во Полициска станица Центар е пријавено дека во во ковид-центарот во рамки на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, околу 22:30 часот пациент со употреба на остар предмет упатил закани кон вработената А. М. (31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. аа/

Остани поврзан