• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера го привеле велешанецот М.З (31), кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Подоцна, лицето било предадено во установата за издржување на казната.

Полициски службеници од СВР Велес вчера го привеле велешанецот Б.А.(49), кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Подоцна, лицето било предадено во установата за издржување на казната.

Вчера околу 15:20 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот О.И. од Скопје поради сомнение за „фалсификување пари“, кривично дело казниво по член 268 од Кривичниот законик. При лишувањето кај него се пронајдени и одземени 29 фалсификувани банкноти од по 100 евра. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. Инаку, О.И. се сомничи, исто така, дека фалсификувани банкноти пуштил во оптек и на поширокото кичевско подрачје.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(55) од Скопје поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело  „даночно затајување“. Пријавениот, во текот на 2019 година, за реализираните приливи на денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 2.363.229 денари не ги пријавил како друг доход,  не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и  не платил данок на личен доход од 236.229 денари согласно Законот за персонален данок на доход  и одредбите од Законот за даночна постапка. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 236.229 денари. 

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје и Р.З.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сториле седум кривични дела „измама“. Двајцата се сомничат дека  самостојно или заедно, во периодот од февруари до мај годинава измамиле седум лица од Тетово , тетовските села Мала Речица, Желино, Долно Палчиште, Пирок, Шипковица и скопско Бојане. Во овој период, најчесто телефонски Б.А. им се јавувал на оштетените и им нарачувал мебел, им продавал старо железо, им нудел занаетчиски услуги, барал од нив да купи технички производи, барал пари за лекување на болни лица и друго. Првопријавениот, потоа го ангажирал Р.З. да ја преземе наплатата на паричните средства, исто така, пласирајќи им на оштетените различни приказни.

Вчера во периодот од 08:00 до 20:00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, била откриени и санкционирани вкупно 32 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-27 и ГВ-5), од кои тројца пречекориле до 70 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, санкционирани се и 14 возачи (ТЕ) кои возеле побрзо од дозволеното во населено место, а биле санкционирани и 42 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-27 и ГВ-15).

Вчеравечер од 19:00 до 24:00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена контрола на мотоциклисти, при што санкционирани се вкупно 11 прекршоци (ТЕ-10 и ГВ- 1). Најголемиот број од прекршоците (9) се однесувале на некористење заштитна кацига, односно шлем (ТЕ-8 и ГВ-1), поради што деветте мотоциклисти веднаш се исклучени од сообраќај.

 На 25.08.2022 во 11:10 часот во гостиварско Орќуше, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 23-годишниот Б.С. од Република Албанија поради сомнение за непријавен престој на подрачјето и негова инволвираност во кражба на огревни дрва. Од Б.С. било одземено патничко моторно возило „фолксваген пасат“ без регистарски ознаки. Се расчистува и документира случајот и против него ќе следува поднесок.

Денеска (26.08.2022) во периодот од 08:00 до 12:00 часот Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе засилена контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. При контролата биле санкционирани вкупно 20 пешаци (ТЕ-17 и ГВ-3) кои непрописно ги преминувале улиците надвор од пешачки премини. На сите им се изготвени соодветни поднесоци, а санкционирани, исто така, биле и 4 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

Денеска (26.08.2022) во периодот од 08:00 до 12:00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 29 пешаци за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. Откриени биле и 14 останати прекршоци.

Вчера во СВР Битола, П.Ѓ.(23) од Битола, вработен како обезбедување, пријавил дека пред одигрување на ракометен натпревар во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола бил нападнат од Н.П. од Битола со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15:25 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на објектот на домот на културата „Бели мугри“ и на споменик во градскиот парк во Кочани биле залепени повеќе налепници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден“ во Скопје со повреда се здобил Б.Т.(45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата. Од страна на Воена полиција бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Вчера во 11:20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на паркинг простор на подрачје на Центар, по претходна расправија за паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.Н.(25) и А.М.(56), двајцата од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.  

Вчера во 18:38 часот во Полициската станица Бит Пазар, К.Г.(45) од Скопје пријавил дека околу 18.35 часот на подрачје на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16:30 часот во СВР Струмица, од Општата болница во Струмица било  пријавено дека кај нив со повреди бил донесен В.Г.(36) од с.Василево, струмичко. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во с.Доброшинци за фирма од Струмица. Извршен бил увид од екипа од СВР Струмица во координација со трудов инспектор.

Вчера во 19:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Партизански Одреди“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.А.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.03.2022, при претрес во дом и други помошни простории кај пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле еден пиштол „Browning“ калибар 7,65 мм, две празни рамки за пиштол, 40 куршуми за пиштол калибар 7,65 мм, футроли за пиштол и прибор за чистење на оружје.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.А.(69) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 10.08.2022, полициски службеници го затекнале пријавениот како управува такси возило, сопственост на друго лице, без лиценца за вршење на јавен превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај за такси возилото. дма/

Остани поврзан