• вторник, 05 ноември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)
Скопје, 10 август 2022 (МИА) - На 09.08.2022 СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против С.Ш. (24) од Битола, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот во период од четири месеци во текот на 2022, откако од САД неовластено набавил семе од канабис сатива, добиениот расад го засадил на ридски терен на м.в. „Брусничка населба“ и преземал активности за негово одгледување. На 08.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, пријавениот е затекнат на местото на засадените насади и лишен е од слобода, при што одземени му се предмети поврзани со кривичното дело. Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Битола. На 09.08.2022 во 2З:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Ф.И.(43) од Тетово. Тој претходно бил пријавен дека околу 23.00 часот агресивно се однесувал и им се заканувал на неговите родители во нивниот дом. Притоа, кај Ф.И. била пронајдена и марихуана. Тој е задржан во Полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци. На 09.08.2022 година во 01:30 часот, во СВР Охрид приведен е Е.Ш.(42) од Охрид. На улицата „Кузман Капидан“ во Охрид, полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 10.08.2022 во 01:55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Р 1403, делница помеѓу селата Добрејци и Василево, струмичко, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р.(22) од Струмица, управувајќи патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица. На 10.08.2022 во 02:57 часот во Полициската станица Струмица, Т.С.(53) од село Добрејци, струмичко, пријавил дека околу 01.00 часот на плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица бил каснат од куче скитник. Во врска со пријавено кривично дело „самовластие“ по чл.392 ст.2 од КЗ, пријавено на 08.08.2022 од страна на Ф.С.,  новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП Комунална хигиена-Скопје во просториите на јавното претпријатие, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен. Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, преземени се мерки и активности за документирање  на кривично правниот настан, при што на 09.08.2022 во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје  повикана е А.М.Б., која го одземала мобилниот телефон на оштетениот Ф.С. и со неа е извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело. Исто така на 09.08.2022 година во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С.К., вработен во ЈП Комунална хигиена- Скопје, кој бил присутен за време на настанот. По извршената консултација со ОЈО Скопје, против А.М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. На 09.08.2022 во 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била донесена повредена 16-годишна малолетничка од Скопје. Според пријавеното, при обид да избега од Клиниката за психијатрија, каде се лекувала, паднала од височина и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар. На 09.08.2022 околу 12:45 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.Џ.(35) и С.А.(43), двајцата од Скопје, при што М.Џ. со тврд предмет му ги скршил ветробранското стакло од патничкото возило на С.А. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. На 09.08.2022 во 22:04 часот било пријавено дека на крстосницата од кракот Битола - државна граница со Р.Грција и патот Ѓавато-Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од У.Р.(45) од Битола и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(34) од с.Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.Р., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. ОВР Виница поднесе кривична пријава Ј.Ѓ.(60) од  Виница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2019, во својство на управител на правно лице од с.Лаки, со непресметувањето и неплаќањето на даночните обврски кон Р.Северна Македонија го оштетил буџетот, стекнувајќи се со противправна имотна корист. На 09.08.2022 во 12:40 во СВР Скопје е пријавено дека од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден Т.П.(32) од Скопје. Според пријавеното, при работа во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба, како вработен во фирма, тој се здобил со тешки телесни повреди. Полициски службеници излегле на местото на настанот и известен е Трудов инспектор. На 09.08.2022 во 11:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека покрај патот кој води за с.Парагуша, било забележано едно лице, кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, по што се упатило кон с.Долно Количани. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. За случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.08.2022 околу 18:45 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на плоштад на подрачјето на Бит Пазар група лица-навивачи на ФК Шкупи физички нападнале осум државјани на Шведска кои во Скопје дошле во врска со натпревар кој треба да се одигра на 11.08 помеѓу ФК Шкендија и ФК АИК. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција веднаш интервенирале и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Ф.(58) од с.Чегране, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 02.03.2022 на регионалниот пат од Гостивар кон село Чајле, од полициските службеници било сопрено патничко возило „цитроен“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека тој врши јавен превоз без лиценца. На 09.08.2022 во 20:56 часот во Полициска станица Бит Пазар, С.Д.(46) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар неколку лица го повикале нејзиниот син Б.Д.(22) и заедно заминале со нивното возило. Подоцна, околу 21.55 часот неговиот вујко Ш.Д. пријавил дека Б.Д. се вратил дома, откако претходно бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 09.08.2022 во 09:42 часот во СВР Скопје, Т.Г., вработен во Македонски железници, пријавил дека на еден километар по Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, пронашол човечки труп. По наредба на Јавен обвинител, телото ќе биде предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. дма/

Остани поврзан