• сабота, 28 септември 2024

Мбапе стана најдобар стрелец на ПСЖ во Лига 1

Мбапе стана најдобар стрелец на ПСЖ во Лига 1

Париз, 16 април 2023 (МИА) - Килијан Мбапе ја предводи листата на најдобри стрелци на ПСЖ во Француското фудбалско првенство.

 

Напаѓачот го погоди голот на Ленс (3:1) во првото полувреме од натпреварот од 31. коло на Лига 1.

 

Овој гол беше 139-ти за Мбапе во францускиот шампионат како дел од парискиот тим. Тој го помина Единсон Кавани (138) за да стане единствениот рекордер.

 

Францускиот фудбалер настапува за ПСЖ од сезоната 2017/18. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан