• петок, 22 ноември 2024

Мбапе сакал да купи акции од својот поранешен клуб, рускиот сопственик барал преголема сума 

Мбапе сакал да купи акции од својот поранешен клуб, рускиот сопственик барал преголема сума 

Монако, 1 ноември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација, Килијан Мбапе сакал да купи дел од акциите на фудбалскиот клуб Монако, но не успеал во тоа поради несогласувањата околу цената, пренесе „Екип“.

Фудбалерот се надевал дека ќе стекне имот преку неговиот инвестициски фонд „Коалишн капитал“. Сопственикот на клубот, рускиот бизнисмен Дмитриј Риболовљев бил подготвен за преговори, но Мбапе не бил задоволен од сумата што ја барал претприемачот.

Наместо тоа, играчот реши да стане сопственик на Каен, кој моментално игра во француската втора лига. Минатото лето напаѓачот го заврши купувањето на 80% од акциите на клубот.

Мбапе е поранешен играч на Монако и токму во овој клуб ја започна својата професионална кариера. Тој играше за тимот од Кнежеството од 2015 до 2017 година, постигнувајќи 27 гола на 60 натпревари и стана француски шампион (2016/17). дс

Фото: Архива

Остани поврзан