Мбапе поддржа осумгодишно девојче кое беше малтретирано на Твитер затоа што побара од играчот да остане во ПСЖ
- Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе му изрази поддршка на девојчето кое беше малтретирано на социјалните мрежи. Станува збор за 8-годишната Камила, на која и е дијагностициран ВАКТЕРЛ
Париз, 10 јануари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе му изрази поддршка на девојчето кое беше малтретирано на социјалните мрежи. Станува збор за 8-годишната Камила, на која и е дијагностициран ВАКТЕРЛ синдром. Таа сними видеопорака во која му ја честита Новата година на играчот и го замолува да остане во ПСЖ.
Објавата на Твитер доби многу навредливи пораки како одговор.
- Јас ти посакувам среќна Нова година, моја мала Камила. Продолжи да се бориш, на сите ни држиш лекција за животот. Што се однесува до навредливите коментари за детето ... Навистина го допираме дното. Треба да се ставиме во ред, напиша Мбапе.
За Французинот заинтересирани се неколку европски екипи, најмногу Реал Мадрид. зс/