• недела, 22 декември 2024

Мбапе одби голем бонус во ПСЖ

Мбапе одби голем бонус во ПСЖ

Париз, 18 ноември 2023 (МИА) - Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе го одбил бонусот што можел да го добие од клубот, пренесе „RMC Sport“.

Дваесет и четиригодишниот Французин нема да добие 80 милиони евра бонуси кои можеше да ги заработи според договорот со Парижаните. Оваа одлука ја донесе самиот фудбалер.

Се забележува дека на овој начин Мбапе сака да покаже дека парите не му се на прво место. Договорот на играчот со ПСЖ е до крајот на сезоната 2023/24.

Оваа сезона Мбапе одигра 15 натпревари во сите натпреварувања, постигна 15 голови и беше творец на една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан