• понеделник, 23 декември 2024

Мбапе на заеднички оброк со францускиот претседател Макрон и емирот на Катар

Мбапе на заеднички оброк со францускиот претседател Макрон и емирот на Катар

Париз, 27 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги покани напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и претседателот на парискиот клуб Насер Ал-Келаифи на оброк по повод приемот на емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани. 

Настанот ќе се одржи вечер во Елисејската палата, а може да присуствуваат и други играчи на ПСЖ, пренесува „Le Parisien“.

Претходно се дозна дека Ал-Келаифи ќе учествува во преговорите меѓу претседателот на Франција и емирот на Катар за примирје во Појасот Газа.

„L'Equipe“, повикувајќи се на некои извори, додава дека Ал Тани би можел да го искористи ова патување за да му упати нова понуда на Мбапе и да го убеди да остане во ПСЖ. 

Шпанските медиуми претходно објавија дека Мбапе веќе одлучил да го напушти клубот на крајот на сезоната и да се пресели во Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан