• недела, 30 јуни 2024

Мбапе најскап фудбалер на светот

Мбапе најскап фудбалер на светот
Париз, 10 јуни 2021 (МИА) - Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе е прогласен за најскап фудбалер на светот од страна на „Трансфермаркт“. Вредноста на трансферот на Французинот се проценува на 160 милиони евра. На второто место се најде напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд со 130 милиони, додека членот Тотенхем Хари Кејн ја заокружи првата тројка вредност на евентуален негов трансфер од 120 милиони евра. Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е на делба од 17. до 22. место, неговиот трансфер се проценува на 80 милиони евра, а напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо од 95-115. место - 45 милиони евра. зс/

Остани поврзан