• недела, 15 септември 2024

Мбапе за изведувањето пенали: Не е важно кој шутира, важно е да е гол

Мбапе за изведувањето пенали: Не е важно кој шутира, важно е да е гол

Сан Себастијан, 15 септември 2024 (МИА) - Реал Мадрид синоќа го совлада Реал Сосиедад со 2:0, а двата гола беа постигнати од пенал. Од едниот беше прецизен Винисиус, од другиот - Мбапе.

Пенал за Мадрид првпат беше досуден во 58. минута. Пеналот го изведе Винисиус, кој го совлада чуварот на мрежата на Сосиедад и Реал поведе. Актуелниот шампион имаше уште еден пенал во 75. минута, а овојпат Винисиус му ја даде топката на Килијан Мбапе, кој исто така беше прецизен.

Ова е втор пат во претходните два натпревари Бразилецот на пенал да му подари топка на францускиот репрезентативец, а Мбапе му се заблагодари и го пофали Вини.

„Винисиус е одличен играч, тој прави многу за Реал Мадрид и јас сум многу среќен што можам да играм со него“, рече Мбапе и се надоврза на пеналот: „Не е важно кој ги изведува пеналите, важно е што сите четири завршија во голот од почетокот на сезоната“.

По пет одиграни натпревари Реал е на второто место со 11 бодови. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан