• понеделник, 08 јули 2024

Мајнц по хет-трикот на Вернер: Клоп, дали конечно можеш да го земеш кај тебе?

Мајнц по хет-трикот на Вернер: Клоп, дали конечно можеш да го земеш кај тебе?
Мајнц, 25 мај 2020 (МИА) – Бундеслигашот Мајнц со хумор реагираше на поразот од Лајпциг (0:5) на вчерашниот дуел со Бундеслигата. Од петте примени гола, три се дело на Тимо Вернер. По ова Мајнц се сврте кон тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. - Клоп, дали конечно можеш да го собереш? - се вели во пораката на профилот на Твитер на Мајнц, кој одговори на објавата дека клубот треба да го мрази Вернер поради двата хет-трика во својата мрежа оваа сезоната. Претходно постојано се пишуваше дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за Вернер. Клоп ја помина скоро целата своја кариера како фудбалер во Мајнц. Од 2001 до 2008 година, тој беше тренер на овој тим. зс/

Остани поврзан