• петок, 05 декември 2025

Мајкрософт отпушта три проценти од својата работна сила

Мајкрософт отпушта три проценти од својата работна сила

Сан Франциско, 13 мај 2025 (МИА) – Американската технолошка компанија Мајкрософт денеска соопшти дека ќе отпушти три проценти од своите вработени на сите нивоа и географски подрачја.

- Продолжуваме да спроведуваме неопходни организациски промени за најдобро да ја позиционираме компанијата за успех на динамичниот пазар, рече портпаролот на Мајкрософт во соопштение за Си-Ен-Би-Си.

Мајкрософт на крајот на јуни имаше 228.000 вработени ширум светот, што значи дека најновиот потег ќе влијае на илјадници вработени. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан