• петок, 22 ноември 2024

Мајкл Маси ја напушти ФИА

Мајкл Маси ја напушти ФИА
Париз, 12 јули 2022 (МИА) – Поранешниот директор на трките во Формула 1, Мајкл Маси ја напушти денеска Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), соопшти ФИА. Маси на почеток на оваа година беше сменет од функцијата во Формула 1 поради контроверзите што ја одбележаа последната трка во минатата сезона по која Холанѓанецот Макс Ферстапен ја освои шампионската титула. Во соопштението од ФИА се наведува дека Маси одлучил да ја напушти улогата во Меѓународната автомобилистичка федерација и да се пресели во Австралија за да биде поблиску до семејството и да се подготовки за новите предизвици. ег/паг/

Остани поврзан