• петок, 22 ноември 2024

Мачка со скршена нога сама отишла в болница во Турција

Мачка со скршена нога сама отишла в болница во Турција

Татван, 17 ноември 2022 (МИА) - Мачка со скршена нога сама си пронашла пат до Oдделението за итни случаи во болница во Турција, јави турската телевизија „Хабертурк“.

Мачката била снимена од безбедносните камери како влегува во болницата во градот Татван, во областа Битлис, преку влезот за итна медицинска помош. Потоа малку подзапира, па се упатува кон салата за операции. Ја забележал лекар, кој ѝ пружил помош со шиење и преврзување на ногата. Мачето кое болничкиот персонал го именуваше „Давшо“, продолжи да ја посетува болницата, каде што, одвреме-навреме, сѐ уште добива помош.  си/ссм/

Остани поврзан