• вторник, 19 ноември 2024

Матераци чекаше 14 години за да ја каже својата верзија за ударот со глава на Зидан

Матераци чекаше 14 години за да ја каже својата верзија за ударот со глава на Зидан
Париз, 3 мај 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалер кој успеа да го извади од игра Зинедин Зидан во завршните моменти на финалето на Светското првеснство во 2006, конечно ја даде својата верзија на инцидентот, јави дописникот на МИА. - Ударот со глава на Зидан? Не го очекував. Ако тоа беше случај, и двајцата ќе завршивме во соблекувалната , изјави Марко Матераци за време на еден од директни разговори на Инстаграм, кои италијанските фудбалски легенди особено ги практикуваат во овие времиња на изолација (Дел Пјеро, Тоти, Канаваро, Буфон беа меѓу другите учесници на дискусиите). Марко Матераци ја даде својата вистина на најпознатото исклучување во историјата на фудбалот, на Зинедин Зидан во финалето на Светскиот куп 2006 г.  кое „Сините“ го загубија од  Италија (1-1, на пенали 5 :3). Предизвикан од Матераци во продлжувањата во Берлин, славниот број 10 излезе од самоконтролата удирајќи го со главата во градите. Непоправлив гест синоним за црвен картон за „Зизу“ кој таму го играше последен натпревар од неговата кариера. - Имавме неколку искрења. Тој ќе постигнеше гол во првиот период на продолжувањето (што мајсторски удар со глава што уште помајсторки го одбрани Буфон) и Рино Гатузо побара да го чувам. По првата фрикција, побарав прошка, тој реагираше лошо. По третата, јас ги кренав веѓите. Тој ми рече: „Ќе ти го дадам дресот подоцна“. Му одговорив дека ја претпочитам неговата сестра. Одговорот го извади од такт „Зизу“. Капитенот на Италија крунисана во Германија, Фабио Канаваро зборуваше за пресврт на ова финале во друг Инстаграм настап. - Не бев далеку, се свртев и го видов Марко на земја. Марко ми рече: „Тој ме удри со глава“. Тој го направи она што требаше да го стори со тоа што се фрли на земја. Збогум и благодарам. Тоа беше добар удар со глава, се смее Златната топка 2006. Франција ќе почека уште дванаесет години за да ја освои својата втора светска титула. Во 2017 година, Зинедин Зидан се наврати на неговиот гест на емисијата Телефут на француската телевизија. - Она што го направив, не сум горд. Не сум горд на овој гест, им се извинувам на сите млади, тренери, волонтерите што прават фудбалот, да биде нешто друго. Тоа (исклучување) е дел од мојата кариера, мојот живот. Тоа е една од работите кои не се пријатни, но мора да ги прифатиме. И кои треба да се сварат. тг/

Остани поврзан