• сабота, 23 ноември 2024

Мас: Одговорот на САД за кризата е премногу бавен

Мас: Одговорот на САД за кризата е премногу бавен
Берлин, 10 април 2020 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска го критикуваше справувањето на САД со пандемијата на коронавирус оценувајќи го како премногу бавно. Мас изјави за „Шпигел“ дека Кина презела „многу авторитарни мерки“, додека во САД долго време се потценувала опасноста од вирусот. - Тоа се две крајности, а ниту една од нив не може да биде модел за Европа, рече Мас. Тој изрази надеж дека САД ќе ги преиспита своите меѓународни односи во овој период. Германија е една од земјите што минатата недела ги обвини САД за тактиката „див запад“ при преземање или блокирање на клиентите кои веќе склучиле договори за добивање основни медицински залихи за борба против новиот вирус. паг/

Тагови

Остани поврзан