• петок, 22 ноември 2024

Мас бара укинување на сите ограничувања во август

Мас бара укинување на сите ограничувања во август
Берлин, 6 јули 2021 (МИА) - Шефот на германската дипломатија Хајко Мас побара укинување на сите ограничувања воведени поради пандемијата со Ковид-19 веднаш штом сите луѓе во Германија ќе имаат можност да се вакцинираат. - Треба да се смета на тоа во текот на август, изјави Мас за весникот Зијодјче цајтунг и германската новинска агенција ДПА. Тој посочи дека откако сите луѓе во Германија ќе имаат можност да се вакцинираат, веќе нема законско или политичко оправдување за какви било ограничувања. ми/

Остани поврзан