• четврток, 19 декември 2024

Масовниот убиецот на Тајланд бил лут на бабата на командирот

Масовниот убиецот на Тајланд бил лут на бабата на командирот
Тајланд, 10 февруари 2020 (МИА) - Властите во северниот дел на Тајланд денеска ги враќаат телата на жртвите кај роднините, откако безбедносните сили го убија војникот кој изврши масовно убиство во повеќечасовна опсада на трговски центар, при што загинаа 29, а беа повредени 58 лица. Војникот прво го убил својот командир во неверојатна трагедија која почна во саботата и заврши во неделата наутро, кога безбедносни сили го застрелаа тешко вооружениот напаѓач на терминалот 21 Корат, во трговскиот центар на аеродромот во Након Ратас. Убиецот, наредник Јакрапан Тома (31), бил лут на бабата (мајката на сопругата) на неговиот командир поради прашање поврзано со земјиште, соопштија властите. Бројот на загинати го надмина последниот голем напад на Тајланд во 2015 година во Бангкок, во кој загинаа 20 лица. Повеќе од илјада луѓе синоќа ги оплакуваа жртвите на градскиот плоштад, а будистичките монаси палеа свеќи и пееја. Многумина од 58-те повредени се во лоша состојба. јт/

Остани поврзан