Маск ќе го одблокира налогот на Трамп на Твитер
- Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск денеска најави дека ќе го одблокира налогот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп
Вашингтон, 10 мај 2022 (МИА) - Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск денеска најави дека ќе го одблокира налогот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
- Мислам дека тоа беше морално лоша одлука и да бидам целосно јасен, крајно глупава, изјави Маск.
Основачот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“, кон крајот на април го купи Твитер за 44 милијарди долари, но сè уште треба да добие поддршка од акционерите и регулаторните органи. ми/