• петок, 22 ноември 2024

Маск назначува нови менаџери за да ја направат платформата „X“ побезбедна

Маск назначува нови менаџери за да ја направат платформата „X“ побезбедна

Сан Хозе, 3 април 2024 (МИА) - Платформата за социјални медиуми „X“ на Илон Маск назначи нови менаџери за платформата да биде побезбедна за корисниците и попривлечна за огласувачите, јави ДПА.

Говорот на омраза е и деловен проблем за „X“. Услугата зависи од приходите од реклами, а компаниите не сакаат нивните брендови да се појавуваат покрај објавите со поттикнувања на насилство или антисемитски слогани.

Откако Маск го презеде Твитер во есента 2022 година, приходите од реклами се преполовија. Технолошкиот милијардер вети радикална слобода на говор на „X“ во рамките на она што е законски дозволено.

Тој вели дека се фокусира на сериозно ограничување на дистрибуцијата на објавите со проблематична содржина наместо да ги отстранува. 

Пред неколку месеци, онлајн истражувачите демонстрираа како рекламите за познати брендови може да се појавуваат заедно со антисемитските објави. Маск возврати дека примерите се вештачки конструирани и не одговараат на секојдневната употреба.

Неколку големи клиенти за рекламирање оттогаш ги намалија трошоците за „X“ или целосно го откажаа. Шефот на „X“, Линда Јакарино, кој беше назначен од Маск, се обидува да ги убеди дека платформата нуди безбедна средина за нивните брендови. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан