Мартино ја напушти клупата на Интер Мајами
- Аргентинскиот фудбалски стратег Херардо Тата Мартино поднесе денеска оставка од функцијата тренер на Интер Мајами поради лични причини.
Мајами, 20 ноември 2024 (МИА) – Аргентинскиот фудбалски стратег Херардо Тата Мартино поднесе денеска оставка од функцијата тренер на Интер Мајами поради лични причини.
Мартино со клубот во чиј редови настапуваат Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс освои рекордни 74 бодови во регуларниот дел од сезоната во американската МЛС лига, но сензационално беше елиминиран во првото коло од плејофот од Атланта.
И покрај обидите на клупското раководство да го задржи, 62-годишниот Аргентинец донесе одлука да го раскине договорот.
Според најавите, Мартино до крајот на неделата ќе одржи прес-конференција на која официјално ќе го објави своето заминување и ќе ги објасни причините за неговата одлука.
За „Тата“ Мартино ова беше втор ангажман во американската МЛС лига во која ја предводеше Атланта во сезоната 2017/2018 и беше избран за тренер на годината. ег
ФОТО: Фејсбук