• петок, 22 ноември 2024

Марсијал надвор од терените 10 недели поради проблем со препоните

Марсијал надвор од терените 10 недели поради проблем со препоните

Манчестер, 24 јануари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал ќе биде надвор од терените повеќе од два месеца.

Прес-службата на премиерлигашот од „Олд Трафорд“ соопшти дека напаѓачот бил опериран поради проблеми со препоните. Проценката на клупските лекари е дека закрепнувањето на Марсијал ќе трае околу 10 недели.

Антони Марсијал нема играно за Манчестер јунајтед од почетокот на декември. Беше објавено дека Ерик тен Хаг го префрлил Французинот на индивидуален тренинг, сметајќи дека неговата подготовка е недоволна за тренинг со базата. 

Во исто време, агентот на Марсијал соопшти дека фудбалерот нема проблеми во односот со тренерот.

Дваесет и осумгодишниот Марсијал има два гола и две асистенции на 19 натпревари оваа сезона. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан