• петок, 05 декември 2025

Марсеј одби да го ангажира поранешниот дефанзивец на Барселона, Семедо

Марсеј одби да го ангажира поранешниот дефанзивец на Барселона, Семедо

Марсеј, 12 јуни 2025 (МИА) – Францускиот фудбалски прволигаш Марсеј беше во преговори со дефанзивецот на Вулверхемптон, Нелсон Семедо, но страните не можеа да најдат компромис.

Според „RMC Sport“, францускиот клуб одбил да го ангажира 31-годишниот Португалец поради преголемите барања за плата.

На 1 јули играчот ќе стане слободен играч, бидејќи му истекува договорот со англискиот клуб.

Во сезоната 2024/25, Семедо настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања и забележа пет асистенции. Претходно играше за Барселона и Бенфика. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан