Марласка: Шпанија се надева дека Бугарија и Романија наскоро ќе се приклучат на Шенген
- Сè уште работиме, се надеваме дека пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген ќе се случи што е можно поскоро, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Марласка пред почетокот на последниот состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел за оваа година.
Брисел, 5 декември 2023 (МИА) - Сè уште работиме, се надеваме дека пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген ќе се случи што е можно поскоро, изјави шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Марласка пред почетокот на последниот состанок на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во Брисел за оваа година.
- Постојано изјавувавме дека Европа ќе биде посилна со целосното пристапување на Бугарија и Романија во Шенген. Можам само да кажам дека работиме многу напорно и ќе ја продолжиме работата до крајот на претседателството (на 31 декември), рече Марласка, во врска со прашањето дали очекува проширување на Шенген до крајот на годината и дали тој е подготвен да свика вонреден состанок на министрите за внатрешни работи за да се одобри соодветната одлука.
Тој истакна дека Советот на ЕУ денеска ќе се запознае со оценките на Европската комисија по дополнителната инспекција и дека денеска не се очекува одлука. паг/
Фото: МИА архива