• вторник, 24 декември 2024

Марк Хамил го пофали новиот „Лук Скајвокер“

Марк Хамил го пофали новиот „Лук Скајвокер“
Лос Анџелес, 16 март 2022 (МИА) - Првиот трејлер за претстојната мини-серија од приказната на „Војна на ѕвездите“ на „Дизни плус“ - „Оби-Ван Кеноби“ беше објавен и тука се гледа враќањето на џедајот во ликот на Јуан Мекгрегор... Новата приказна е сместена 10 години по „Војна на ѕвездите: Одмаздата на Сит“, и го следи Оби-Ван како чувар-заштитник на Лук... https://www.youtube.com/watch?v=9J7o3wyc9pk Новите епизоди се претпродолжение на оригиналната трилогија од пред 4-5 десетлетија. Славниот Лук Скајвокер тогаш го глумеше Марк Хамил, а сега, во серијата тој е дете. Него го глуми Грант Фили. По тој повод, и Хамил се огласи на својот интернет-простор. „Грант Фили изгледа како совршен Лук Скајвокер! Му посакувам сѐ најдобро!“, напиша глумецот-ветеран и додаде ознака „#Силата е со Фили“. Приказната во „Оби-Ван Кеноби“ е сместена меѓу „Одмаздата на Сит“ и „Нова надеж“. Како глумци ќе се појават и Хајден Кристијансен, Мозес Инграм, Индира Варма, Кумаил Нанџијани, О'Шеј Џексон Помладиот, Симона Кесел, Бени Сафди, Маја Ерскин и Рори Рос. Мини-серијата ќе биде објавена и достапна од 25 мај.  си/

Остани поврзан