• понеделник, 23 декември 2024

Марк Руфало како татко на Рајан Рејнолдс во НФ-филм

Марк Руфало како татко на Рајан Рејнолдс во НФ-филм
Лос Анџелес, 25 ноември 2020 (МИА) - Марк Руфало ќе го глуми таткото на ликот на Рајан Рејнолдс во нов научнофантастичен филм на Нетфликс. Филмот со работен наслов „Проектот Адам“ (The Adam Project) и со приказна околу времепловот, сѐ уште е во претпродукција. Се раскажува за човек што мора да патува низ времето за да се посоветува со себеси кога имал 13 години. Режисер е Шон Ливај, а сценаристи - Џонатан Тропер и ТС Наулин. Во филмот ќе глумат и Зои Сладана, Кетрин Кинер, но и Џенифер Гарнер, која пред 16 години глумеше во „Од 13 на 30 години“ - филм со слична содржина. си/ссм/

Остани поврзан