• понеделник, 23 декември 2024

Марк Мили: Украинската контраофанзива ќе биде долга и крвава

Марк Мили: Украинската контраофанзива ќе биде долга и крвава

Вашингтон, 1 јули 2023 (МИА) - Украинската контраофанзива против руските сили ќе биде тешка и „многу крвава“, оцени претседателот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал Марк Мили, пренесе денеска Би-Би-Си.

Генералот Мили рече дека не е изненаден што напредувањето на украинските сили е побавно од очекуваното, но додаде оти Украина „постепено напредува“.

-Тоа оди малку бавно, но тоа е дел од природата на војната, изјави тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела призна дека офанзивата напредува бавно. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан