Марк Карни: Канада ќе го достигне НАТО стандардот за одбрана оваа година
- За да ја постигне оваа цел, Канада ќе ги зголеми платите на припадниците на вооружените сили и ќе набави нови подморници, авиони, воени бродови, вооружени возила и артилерија. Дополнително, ќе се инвестира во радари, дронови и сензори за мониторинг на морското дно и Арктикот, нагласи Карни.
Монтреал, 9 јуни 2025 (МИА) - Канадската либерална влада ќе вложи дополнителни милијарди долари во своите вооружени сили, со цел да ја достигне целта на НАТО за трошење 2 отсто од БДП на одбрана уште оваа фискална година, значително порано од предвиденото, изјави денеска премиерот Марк Карни.
Канада долго време беше под притисок од САД и другите сојузници на НАТО да го зголеми буџетот за одбрана, кој моментално изнесува околу 1,4 отсто од БДП. - Сега е моментот да дејствуваме со итност, сила и решителност, истакна Карни во говор во Торонто.
Претходно, либералната влада вети исполнување на целта на НАТО до 2032 година.
- За да ја постигне оваа цел, Канада ќе ги зголеми платите на припадниците на вооружените сили и ќе набави нови подморници, авиони, воени бродови, вооружени возила и артилерија. Дополнително, ќе се инвестира во радари, дронови и сензори за мониторинг на морското дно и Арктикот, нагласи Карни. ссм/
фото: архива