• четврток, 10 октомври 2024

Маркус Смарт: Зак Иди ќе биде многу важен за нас, добро се движи и има многу висок коефициент на интелигенција

Маркус Смарт: Зак Иди ќе биде многу важен за нас, добро се движи и има многу висок коефициент на интелигенција

Мемфис, 10 октомври 2024 (МИА) - Кошаркарот на Мемфис, Маркус Смарт го пофали соиграчот и дебитант Зак Иди. Дваесет и двегодишниот центар беше избран како деветти пик на НБА драфтот во 2024 година и се смета за кандидат за дебитант на годината.

- Тој ќе биде многу важен за нас. Ви овозможува разнолика одбранбена игра. На мене и на Џерен Џексон ми дава шанса да покажеме што можеме. Прекрасно е да имате таков вид играч во тимот. Неговата висина од 224 сантиметри е многу значаен фактор. Одлично се движи, има многу висок коефициент на интелигенција и продолжува да се подобрува. Имаме многу високи амбиции, ако се фокусираме на нашите задачи и играме што е можно порано, можеме да покажеме многу високо ниво, особено во одбраната. Имаме доволно талент, момците го можат тоа, заклучи Смарт.

Мемфис го победи Далас во првиот претсезонски натпревар (121:116). Зак Иди за 18 минути постигна шест поени (3 од 4 од поле), седум скока, една украдена топка и една блокада. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан