• понеделник, 13 мај 2024

Марко Митев номиниран за играч на колото во Европската лига

Марко Митев номиниран за играч на колото во Европската лига

Виена, 23 ноември 2023 (МИА) – Македонскиот ракометен репрезентативец и член на Алкалоид, Марко Митев се најде во најтесен круг на претенденти за признанието играч на колото во Европската лига.

Митев пред два дена на гостувањето во Данска против Силкеборг постигна девет гола од исто толку обиди, а на натпреварот во игра влезе дури во 20. минута.

Конкуренти на Митев во изборот на ЕХФ се голманот на Дејан Милосављев од Фуксе Берлин, Натат Суарез од Спортинг и Лука Мославац од Нексе. зс/

Фото: Фејсбук ЕХФ

Остани поврзан