• вторник, 05 ноември 2024

Марковски-Митсујуки: Кочанскиот ориз во јапонските ресторани низ Европа

Марковски-Митсујуки: Кочанскиот ориз во јапонските ресторани низ Европа
Тирана, 13 април 2021 (МИА) - Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска во јапонската амбасада во Тирана оствари средба со неговиот колега Такада Митсујуки. На средбата е разговарано за повеќе прашања од интерес на двете земји и народи, но, посебно се разменети мислења околу кочанскиот ориз, за кој амбасадорот Митсујуки, оценил дека по квалитет е идентичен со оризот кој се прозведува во Јапонија. Поради тоа тој предложил да се разгледа можноста оризот од Северна Македонија да се нуди на јапонски ресторани низ Европа. - Почитуван амбасадоре Марковски пренесете им на производителите на ориз во Северна Македонија, дека кочанскиот ориз по својот квалитет и својства е на исто рамниште со оризот од Јапонија. Ви предлагам да започнете со понуда на истиот во јапонските ресторани низ Европа, кажал амбасадорот Митсујуки. Во објавата на фејсбук страната на македонската Амбасада се наведува дека Марковски, пред извесно време му го обезбедил овој познат македонски производ на својот јапонски колега. Двајцата допломати се договориле во идина почесто да се среќаваат со цел реализација на активности од заеднички интерес. вт/ар/

Остани поврзан